Провинцијата Хубеи ги укинува ограничувањата во движењето

Во кинескиот град Вухан, каде започна епидемијата ковид-19, ограничувањата за движење ќе бидат укинати на 8 април, по повеќе од два месеци изолација.

Во остатокот од покраината Хубеи, каде се наоѓа Вухан, мерките за изолација ќе бидат укинати од утре, 25 март, соопштија властите, пренесе Франс прес.

Само жителите кои сметаат дека се здрави во почеток ќе можат слободно да се движат. Луѓето кои се здрави ќе можат да ја напуштат провинцијата Хубеи од вечерва на полноќ, а Вухан од 8 април.

Кина забрани влез и излез од Вухан на 23 јануари и ја прошири изолацијата во поголемиот дел од покраината во наредните денови.

Драстичните мерки беа воведени кога новиот коронавирус започна да се шири во остатокот на Кина и надвор од земјата за време на лунарните новогодишни празници, кога многу Кинези патуваат. Во покраината Хубеи скоро да нема новозаразени во повеќе од една недела.

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе