Протурските сили во Сирија убија курдска политичарка и девет цивили: ја извлекле од автомобил и ја погубиле

Сириските протурски милитанти погубиле најмалку девет цивили вклучувајќи ја и претседателката на курдската политичка партија Хеврин Кхалаф.

„Девет цивили се погубени во различно време јужно од градот Тал Абџад“, објави Сириската опсерваторија за човекови права.

Меѓу жртвите се и претседателката на политичката партија „Идна Сирија“ Хеврин Кхалаф и нејзиниот возач, пренесува Гардијан.

„Хеврин Кхалаф била извлечена од нејзиниот автомобил за време на напад и ја погубиле платеници кои ги поддржува Турција. И на нејзиниот возач му се случило истото“, се вели во соопштение на Сириските демократски сили.

Мутлу Цивироглу, експерт за курдската политика, кажа дека нејзината смрт е голема загуба. Таа имала 35 години.

„Таа имаше талент за дипломатија. Секогаш учествуваше на состаноците со американските, француските и другите делегации“, кажа Цивироглу.

Турција и нејзините сириски помагачи почнаа офанзива во средата за од границата со Турција да ги одалечат силите на сириските Курди.

Сојузничките борци се поранешните сириски бунтовници кои порано се бореа против силите на претседателот Башар ал Асад.

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе