Втор неделава

Протурски милитанти урнаа сириски воен хеликоптер кај Алепо (ВИДЕО)

Хеликоптер на сириската армија бил уништен со проектил во операција против силите на сириската влада во близина на Алепо, а екипажот бил убиен, јавија сириските државни медиуми.

Агенцијата САНА, повикувајќи се на воени извор, соопшти дека хеликоптерот бил погоден од „непријателски проектил“ денес попладне во областа под контрола на милитантите поддржани од Турција. Сириските трупи денес ги расчистувале засолништата на милитантите во околината на Алепо.

Турската агенција Анадолија јави дека хеликоптерот бил урнат во „деескалациската зона“ а Идлиб под контрола на Русија и Турција, која граничи со североисточната сириска провинција Алепо.

Според остатоците од хеликоптерот, кои можат да се видат на снимките објавени на социјалните мрежи, станува збор за транспортен хеликоптер Ми-8/17, кој го користи сириската војска.

Ова е вториот хеликоптер урнат од страна на антивладините милитанти во Идлиб за само три дена. Во вторникот ист ваков хеликоптер беше урнат кај југоисточната страна на градот Идлиб.

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе