По пребројувањето на гласовите

Противникот на Ердоган на чекор од освојување на Истанбул: „Водам со 20.000 гласа разлика“

Екрем Имамоглу, кандидат на опозициската Републиканска народна партија за градоначалник на Истанбул, рече дека пребројувањето на гласовите е делумно завршено.

Пребројувањето на гласовите од локалните избори во најголемиот турски град покажува дека разликата меѓу него и Бинали Јилдирим, кандидатот на Ердогановата Партија за правда и развој (АКП), и понатаму е околу 20.000 гласа, рече Имамоглу, пренесе Ројтерс.

Имамоглу рече дека пребројувањето е завршено во 9-10 административни области на Истанбул.

Ројтерс потсетува дека турскиот Врховен изборен совет вчера донесе одлука да се пребројат гласовите во 18 од 39 административни окрузи во Истанбул.

Првичните изборни резултати за градоначалниците покажаа дека Републиканската народна партија има тесна контрола над двата најголеми града во Турција, Истанбул и Анкара, што претставува силен удар за АКП на Ердоган.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе