Протестите на рускиот Далечен исток траат веќе четврта недела по ред (ВИДЕО)

Илјадници луѓе излегоа денес, четврти викенд по ред, на улиците на Хабаровск на крајниот исток на Русија, протестирајќи против одлуката на Кремљ за именување нов вршител на должноста гувернер на истоимениот регион, откако досегашниот гувернер беше обвинет за убиство и уапсен.

EPA-EFE

Демонстрантите бараат ослободување на Сергеј Фургал, член на ултранационалистичката Либерална демократска партија (ЛДРП), кој ги доби изборите во 2018 и го победи ривалот од владејачката партија Обединета Русија на претседателот Владимир Путин.

Градските власти тврдат дека протестирале околу 3.500 луѓе, но локалните медиуми јавуваат дека станува збор за 10 илјади и повеќе, но дека има помалку демонстранти од минатиот викенд.

Демонстрантите извикувале „Слобода“, „Дојдовме по сопствена волја“ и барале оставка од Путин, носејќи транспаренти „Русија без Путин“.

Фургал беше притворен и одведен во Москва на 9 јули, а осомничен е дека од 2004 до 2005 наредил ликвидирање на повеќе бизнисмени. Ако биде прогласен за виновен, би можел да добие доживотна казна затвор, но тој ги негира обвинувањата.

Граѓаните на Хабаровск, 6.100 километри и седум часовни зони одалечен од Москва, се незадоволни од затворањето на популарниот регионален гувернер за кое тврдат дека е политички мотивирано, но Кремљ возвраќа дека Фургал мора да одговори на некои многу сериозни прашања.

Иако ЛДПР на Фургал го поддржува Путин, неговата победа беше протолкувана како удар врз владејачката партија која црвсто ги држи сите руски региони.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе