Протестираа професорите во Белград, бараат да се заштитат од насилство во училиштата

Со протестот „За достоинството на професијата“ просветните работници денес во центарот на Белград побараа државата да реагира на зачестеното насилство во училиштата, откако пред помалку од две недели без забележани сериозни инциденти.

EPA-EFE

Од протестот кој го организираа Синдикатот за образование и Синдикатот на работниците во образованието на Србија по случаите на насилство на ученици над наставниците побарана е измена на законската регулатива за подобра заштита на вработените во училиштата, со барање за зголемување на платите од 25 отсто.

Протестите ги поттикна неодамнешниот инцидент кога ученици во средно училиште ѝ извлекоа столче на професорка која притоа падна покрај катедрата, а сето тоа го снимале и го објавија на социјалните мрежи.

Потоа во врсничко насилство беше тешко повреден еден ученик во Суботица, поради што лекарите морале да му ја извадат слезината.

Претставничката на Синдикатот за образование на Србија Валентина Илиќ кажа дека нејзините колеги се собраа за да го одбранат „достоинството на сите оние кои се образувале да бидат добри луѓе, а не само просветните работници“.

Наставниците трпат насилство не само од родителите, туку и од директорите и министерството, наведе Илиќ на собирот. Таа истакна дека платите на просветните работници се под државниот просек, просечната плата во образованието е, како што наведуваат српските медиуми, меѓу 600 и 700 евра.

Просветните работници бараат да се почитуваат и спроведуваат законите и тие да бидат заштитени, укажувајќи на фактот дека никогаш ниеден родител не е казнет за насилството на своето малолетно дете.

„Нема да дозволиме наставниците и професорите да ги понижуваат деца, бидејќи иако сè ни земаа, достоинството не го даваме“, наведе Илиќ и истакна дека денешниот протест е одговор на „избришаното достоинство“ на просветните работници и сите вработени во образованието.

Едно од барањата е на наставниците и професорите да им се даде статус на службено лице, а да можат да бидат заштитени како другите вработени во државните и јавните служби. Во основните и средните училишта во Србија утре ќе се одржи масовен протест „Стоп на насилството во училиштата“, кој Унијата на синдикати на просветните работници го организира во 46 града.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе