Протести во Србија седми ден по ред, сѐ помалку граѓани излегуваат на улиците (ВИДЕО)

Во Белград, Ниш и Зрењанин се собраа граѓани незадоволни од српската влада и мерките што ги презема државата, јави Нова.рс.

EPA-EFE

Протестите првите два дена беа прилично бурни, дојде до бројни судири на полицијата и демонстрантите. Сепак, постепено се смирија, а и на нив има сѐ помалку луѓе.

Н! Наведува дека протестите секој ден почнуваат сѐ подоцна. Луѓето полека пристигнуваат да видат што се случува, но многумина кратко се задржуваат и се одалечуваат од местото на настанот. Се чини дека на протестите има повеќе десничари кои извикуваат пароли, додека граѓанскиот дел од демонстрантите се држи на страна.

На главниот градски плоштад во Зрењанин почна петтиот протест, но се појавија само нешто повеќе од 50 луѓе.

Во Ниш, пак, граѓаните шести ден по ред се на улиците и го блокираа сообраќајот.

Во Белград пред парламентот се собраа десетици луѓе, а ги има и во Пионирскиот парк.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе