Протести во Приштина поради силувањето на девојчето: „Ако се плашиш од мракот – ќе го запалиме градот“

Во Приштина не сопираат протести поради силувањето на единаесетгодишното девојче.

Скриншот Инстаграм

Граѓани со црвена боја ги офарбаа таблите со имињата на институциите на зградите на министерството за правда, владата и полицијата.

„Ако се плашиш од мракот – ќе го запалиме градот“, е една од пораките од протестите одржани на улиците на Приштина по вестите дека во саботата било силувано 11-гподишно девојче од страна на пет мажи.

„За состојбата на жртвата во моментов нема никакви информации, а што се однесува до нејзиниот идентитет – медиумите го испочитуваа етичкиот кодекс и не е објавен нејзиниот идентитет, дури ни иницијалите“, вели Анџела Илиќ, новинарка на порталот Коссев.

Идентитетот на жртвата не е откриен, како што треба, но насилството врз неа е извршено. Токму поради тоа илјадници луѓе излегуват на улиците и шетаат до зградите на институциите кои ги бојат со црвена боја. Симболиката е јасна: крвта е на вашите раце.

„За време на протестите се носат транспаренти со фотографии на осомничените, а потоа на социјалните мрежи се раширија нивните фотографии и целите имиња и презимиња. И она што можев да го забележам е дека реакцијата на јавноста е всушност позитивна, затоа што повеќето луѓе сметаат дека идентитетот на луѓето кои прваат такви злосторства, особено над малолетници, не треба да остане заштитен“, вели Илиќ.

Од петмината уапсени, тројца се малолетници. Ним сега им е одреден едномесечен притвор. Овој случај доведе и до оставки во надлежните институции.

„Оставки ден по овој случај поднесоа директорот на косовската полиција од, како што кажа, лични причини и професионална совест, а ден потоа оставка поднесе и директорот на Управата за постапување со затвореници и малолетници“, потсетува Илиќ.

Колективот за феминистичка мисла и акција, кој ги иницираше протестите, најави нивна радикализација доколку владата не одговори на нивните барања како легализација и дистрибуција на бибер спреј за самоодбрана, разрешување на судиите кои изрекле казни под со закон дозволениот минимум, отпуштање на полициските службеници и обвинители за занемарување на случаите на родово насилство над жени, создавање ефикасни механизми кои достоинствено ги третираат жртвите на сексуално насилство како воведување предмет сексуално образование.

Легенда под Главна слика

Скриншот Инстаграм

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе