Протести во Полска против речиси целосната забрана за абортус

Неколку стотици демонстранти се собраа во Варшава во петокот наутро во знак на протест против скоро целосната забрана за легален абортус во земјата, која од вчера е на сила со одлуката на тамошниот Уставен суд.

Фото: ЕПА

Во четвртокот, тој суд пресуди дека според уставот, извршувањето абортус во случај на абнормалности на фетусот е незаконско. Феталните абнормалности биле причина за скоро сите легално извршени абортуси во Полска минатата година.

Според вчерашната пресуда, абортусот во Полска ќе биде легален само во случаи кога бременоста претставува опасност по животот или здравјето на мајката или ако е резултат на законски забранети дела како силување или инцест.

Оваа пресуда има тектонско значење во Полска, бидејќи практично го поништува полскиот „компромис околу абортус“, закон донесен во 1993 година, кој речиси 20 години не доживеал никакви значителни промени.

Неколку стотици луѓе се собраа во Варшава и покрај забраната за собирање на повеќе од 10 лица, наметнати поради пандемијата на коронавирус, а протестите започнаа уште во четвртокот вечер со собир пред седиштето на Уставниот суд.

Демонстрантите потоа го продолжија својот протест пред седиштето на владејачката конзервативна партија Право и правда, а кога продолжија да се движат кон куќата на нејзиниот лидер Јарослав Качински, полицијата им го блокирала патот и дошло до помали судири.

Според локалните медиуми, помали протестни собири се одржани во повеќе полски градови.

Бројни организации за правата на жените и опозициски политичари го изразија своето спротивставување на донесената пресуда.

Иако пресудата за забрана на абортус во случај на абнормалности на фетусот е донесена од Уставниот суд, многу учесници на политичката и социјалната сцена кои не припаѓаат на владејачката партија сметаат дека судот е исполитизиран и е под директно влијание на владејачката партија Право и правда.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе