Хонг Конг

Активистот Џошуа Вонг ја повика премиерката Кери Лам да поднесе оставка

Најистакнатиот студентски активист на Хонг Конг, Џошуа Вонг повика на оставка на премиерката Кери Лам, откако излезе од затвор и вети дека ќе се придружи на протестите, пренесе Би-би-си.

Вонг (22) стана лицето на продемократските протести во 2014 година кои повикуваа градот сам да си ги избира своите лидери.

Луѓето на Хонг Конг повторно излегоа на улиците, овој пат против контроверзниот закон со кој се дозволува екстрадиција во Кина.

Набљудувачите велат дека Вонг ќе продолжи да ги собира луѓето и ќе го зголеми притисокот врз Лам.

Организаторите велат дека повеќе од два милиони луѓе се собрале во неделата, и покрај тоа што Лам во саботата го суспендира законот. Полицијата вели дека биле 338.000.

Критичарите велат дека законот ќе ги изложи луѓето на Хонгконг на длабоко дефектниот правен систем на Кина и ќе доведе до понатамошна ерозија на судската независност на градот.

Во голема мера гневот на јавноста е насочен кон Лам, која е про-Пекинг ориентирана, и во неделата се извини за контроверзноста околу законот.

Иако бројот преку ноќта им се намалил, сепак големи групи демонстранти утрово повторно биле забележани како се собираат на клучни патишта во близина на седиштето на владата. Организаторите велат дека протестите ќе продолжат сè додека законот не биде целосно укинат.

Вонг, доби две одделни затворски казни во 2017 и 2018 година, за неговата улога во т.н. движење познато како Амбрела, денес излезе на слобода откако отслужи намалена казна од еден месец.

Во изјавата за новинарите пред затворот рече: „[Кери Лам] повеќе не е квалификувана да биде лидер на Хонг Конг“.

„Таа мора да ја признае вината и да поднесе оставка, да преземе одговорност и да се повлече“.

Тој исто така преку твит денес ја прослави својата слобода и побара законот за екстрадиција да се повлече.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе