Втор ден

Протести во Белград, демонстрантите бараат нов, „деполитизиран“ кризен штаб (ФОТО+ВИДЕО)

Протестот организиран од опозицискиот Сојуз за Србија (СзС) почна на платото пред Филозофскиот факултет во Белград. Недалеку од таму, пред Народното собрание, се очекува да почне митингот на кој граѓаните ги повика партијата „Доста беше“.

Претставниците на СзС пред Филозофскиот факултет изјавија дека „народот повеќе нема да трпи лаги и бруталност“ и побараа, од името на граѓаните, да се назначи нов „деполитизиран кризен штаб“, полициските команданти да одговараат за полициската бруталност за време на вчерашниот протест, да се пуштат уапсените демонстранти и РТС да почне да известува за протестите и барањата на насобраните. Потоа се упатија кон Претседателството.

Сојузот за Србија ги повика граѓаните на протест откако претседателот Александар Вучиќ вчера најави дека повторно ќе биде воведен полициски час од петок до понеделник. Денеска Вучиќ во обраќање до народот рече дека полициски час нема да се воведува.

Во Белград за денеска е најавен уште еден протест, на кој граѓаните беа повикани и од претставниците на опозицијата. Километар понатаму, пред Народното собрание, беше формиран полициски кордон пред најавениот митинг. „Доста беше“ вчера ги повика граѓаните да се соберат за да го искажат своето незадоволство од најавеното заострување на мерките за спречување на ширење на коронавирусот.

„Ова е народен протест и го повикуваме народот да излезе на улиците и да испрати порака до властите дека нема да толерира уште едно затворање на луѓето во куќен притвор“, изјавија од „Доста беше“.

Пред собранието има голем број полицајци, а има и коњаници. Засега се собрани неколку стотици луѓе.


 

 


Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе