Протести во Бејрут поради експлозијата, има и судири со војската (ВИДЕО)

По силната експлозија која го погоди Бејрут и ги однесе животите на најмалку 137 луѓе, почнаа протести против владата на улиците на либанската престолнина.

EPA-EFE

На протестите демонстрантите се судрија со силите за безбедност.

Демонстрантите протестираат во близина на парламентот, каде полицијата повеќе пати ги гаѓала со солзавец, пренесуваат агенциите.

Незадоволните граѓани на Бејрут ги разгневи фактот што огромната експлозија ја предизвикале речиси три илјади тони амониум нитрат кој небезбедно бил чуван во магацин уште од 2013 година. Многумина во Либан велат дека владината негрижа довела до експлозијата во Бејрут.

Демонстрантите запалиле и помали пожари и со камења ги гаѓале припадниците на безбедносните сили, пренесува Гардијан.

Експлозијата уништи цели квартови во престолнината. Уште се трага по десетици луѓе за кои се верува дека останале заглавени во урнатините.

Протестите се одржани откако либанската амбасадорка во Јордан соопшти во четвртокот дека поднесува оставка, наведувајчи дека „целосната негрижа“ на властите на земјата укажуваат на потреба за промена на лидерството.

Во телевизиското обраќање, кое го пренесуваше либанската МТВ, амбасадорката кажа дека повеќе не може да ја толерира неспособноста на владата.

Тоа е втора оставка на либански функционер од експлозијата.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе