Протести против задолжителна вакцинација во Франција, учествувале повеќе од 100.000 луѓе (ВИДЕО)

Повеќе од сто илјади луѓе ширум Франција вчера протестирале против планот на претседателот Емануел Макрон задолжително да се вакцинираат здравствените работници и ковид сертификатот да биде влезница за места како кина и ресторани.

EPA-EFE/YOAN VALAT

Макрон оваа недела најави мерки за борба против брзото ширење на коронавирусот, за кои демонстрантите велат дека ја нарушува слободата на избор на оние кои не сакаат да се вакцинираат. Според Министерството за внатрешни работи, 137 протести биле одржани низ целата земја, на кои се собрале околу 114.000 луѓе, од кои 18.000 во Париз.

Мерките веќе на почетокот на неделата предизвикаа помали протести, а полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите.

„Секој е владетел на своето тело. На ниеден начин францускиот претседател нема право да одлучува за моето тело“, рече една демонстрантка од Париз која се претстави како Кристел. Протестите вклучија и таканаречени жолти елеци кои барале повторно одржување на антивладините протести, кои поради карантинот во корона кризата биле запрени. Премиерот Жан Кастекс за време на посетата на центарот во Англет на југозападот од земјата рече дека вакцинацијата, која во моментот не е задолжителна за сите, е единствениот начин да се победи вирусот.

„И покрај отпорот што го слушаме, треба да сториме сè што можеме за да ги убедиме нашите сонародници да се вакцинираат, бидејќи тоа е најдобриот начин за справување со оваа здравствена криза“, рече премиерот. И покрај протестите, анкетата на јавното мислење од Ипсос-Сопра Стерија, објавена во петокот, покажа дека повеќе од 60 проценти од луѓето поддржуваат задолжителна вакцинација на здравствените работници, како и барањето здравствени пропусници за некои јавни места.

Откако бројот на нови инфекции на ден се намали од 42.000 на помалку од 2.000 на ден на крајот на јуни, просечниот број на нови инфекции во Франција се искачи на близу 11.000 на ден. Досега, околу 55,5 проценти од Французите примиле една доза на вакцина, додека со обете дози биле вакцинирани 44,8 проценти.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/YOAN VALAT

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе