Протести против расизмот во Лондон, се фрлаа шишиња и пиротехника, полицијата дојде на коњи (ВИДЕО)

Британските демонстранти против расизмот во саботата накратко се судрија со полицијата, откако илјадници луѓе се собраа во центарот на Лондон за да го искажат гневот поради полициската бруталност што му го одзеде животот на Џорџ Флојд во Минеаполис.

Фото: Твитер

По претежно мирниот ден, мала група демонстранти, недалеку од резиденцијата на премиерот Борис Џонсон, фрлаа шишиња и пиротехника кон полицијата, која дојде на коњи.

Една полицајка заврши во болница откако падна од својот коњ, а уште деветмина се повредени, соопшти полицијата.

Претходно во текот на денот, повеќе од илјада демонстранти маршираа покрај американската амбасада на јужниот брег на Темза. Илјадници демонстранти се собраа на плоштадот пред парламентот со плакати на кои пишуваше „Црните животи се важни“, игнорирајќи ги советите на владата да избегнуваат големи собири поради ризикот од коронавирусот.

„Дојдов да ги поддржам Афроамериканците, со кои лошо се постапува веќе многу, многу, многу, многу години. Време е за промена“, рече еден демонстрант. Протестите во саботата го отсликуваат глобалниот гнев поради полицискиот третман на етничките малцинства. Тие беа поттикнати од убиството на Флојд, Афроамериканец, кому бел полицаец му клечеше на вратот скоро девет минути, додека другите полицајци само посматраа.

Протести во саботата се одржаа и во други британски, европски и азиски градови.

Британскиот уметник Бенкси му даде поддршка на движењето „Црните животи се важни“ со слика што во саботата ја објави на Инстаграм, на која се гледа запалена свеќа под американското знаме, кое пламенот малку го зафаќа.

Бенкси, познат уметник со сè уште непознат идентитет, во објавата пишува дека системот потфрлил кон луѓето од црната раса и дека на белците останува да го поправат.

Пред протестите во саботата во Лондон, американскиот амбасадор во Велика Британија го осуди убиството на Флојд и рече дека Соединетите Држави мора да направат повеќе во борбата против расизмот и неправдата.

Легенда под Главна слика

Фото: Твитер

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе