Протести поради недостиг на вода во Бугарија, цел град има вода за само уште две недели (ВИДЕО)

Жителите на бугарскиот град Перник протестираа пред седиштето на владата во Софија поради повеќемесечниот недостиг од вода.

Тие бараат итни мерки за да се реши проблемот кој го опишаа како можна хуманитарна криза.

Демонстрантите изразија сомнеж дека зад недостигот од вода во индустрискиот град стојат корупцијата и неспособноста, и предупредија дека резервоарот на браната Студена, единствениот градски извор на вода, ќе биде празен за две недели.

Кризата со водоснабдувањето во перник, град одалечен 30тина километри западно од Софија, се засили во ноември кога локалните власти наметнаа рационално користење на водата поради недостиг од резерви од блиската брана.

На почетокот на јануари бугарскиот министер за заштита на животната средина поднесе оставка откако беше обвинет за намерно лошо управување со водоснабдувањето на градот.

Учесниците на протестот носеа жолти елеци, а организаторите најавија нови протести за понеделник пред регионалното министерство за развој.

Протестите ги поддржаа и жителите на градот Бобов Дол кои имаат друг проблем – загување на воздухот, и кои сметаат дека загадувањето е резултат на горење отпад во локалната термоцентрала.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе