Протести низ САД: Ако не се смени законот за оружје - треба да се смени Конгресот

Низ Соединетите Држави се одржуваат протести со кои се бара од Конгресот да ги заостри законите за контрола на оружјето по масовните престрелки во Тексас, Охајо и Калифорнија.

Десетици демонстранти се собраа во Провиденс, Лонг Ајленд, носејќи транспаренти: „Разоружете ја омразата“, „Доста“ и „Никому не му треба дома оружје за војна“.

Сличен протест се одржа и во Балтимор.

Демонстрантите во Чарлстон, Западна Вирџинија, носеа транспаренти повикувајќи на сменување на Конгресот, освен ако законот не се промени.

Демонстранти се собраа и пред градското собрание на Сан Франциско.

Американскиот Конгрес е на летна пауза, но лидерот на републиканското мнозинство во Сенатот, Мич Меконел, побара од претседателот на тој дом да ги разгледа можните предлози за нов закон за оружјето, кои би се нашле пред пратениците кога ќе се вратат од одмор во септември.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе