Во Москва само еден човек

Протести низ целиот свет против климатските промени, милиони луѓе на улица (ФОТО+ВИДЕО)

Милиони луѓе од Сиднеј до Манила, од Дака до Лондон и Њујорк денеска маршираат за итна акција за климатската криза.

 

Милиони луѓе низ целиот свет денес учествуваат во глобалните протести за климата. Во протестите се приклучија и градоначалниците на најголемите светски градови, Лондон, Париз, Њујорк, Лос Анџелес, Копенхаген...

Демонстрантите ги повикаа светските водачи да преземат итна акција на самитот на ООН за климата за да спречат еколошка катастрофа.

Протести се одржуваат во околу 150 земји, а се инспирирани од 16-годишната шведска активистка Грета Тинберг, која го предводи митингот во Њујорк.

Организаторите соопштија дека 300.000 луѓе се собрале низ цела Австралија. Со транспаренти: „Океаните растат, но и ние“ или „Не ја почнавме кризата, но се бориме против неа“, денес студентите протестираа во Сиднеј, Мелбурн, Алис Спрингс и други австралиски градови.

Многу луѓе се собраа и во Берлин.

Грета Тинберг напиша на Твитер дека ги има повеќе од 80.000.

Двајца демонстранти се уапсени во Лондон за нарушување на јавниот ред и мир, соопшти полицијата.

Протести се одржуваат и во Копенхаген, Хелсинки и Стокхолм.

Неколку илјади луѓе се собраа во главниот град на Данска, носејќи чадори и транспаренти „Пратеници, запознајте ја вашата клима“.

Во главниот град на Финска, еден човек облечен во костум на Дедо Мраз пред зградата на парламентот носеше транспарент: „Мојата куќа гори, моите елени не знаат да пливаат“.

Демонстранти се собраа и во Стокхолм со транспарентот „Училиштето штрајкува за климата“, што е слоганот што го користеше шведската тинејџерка Грета Тинберг кога еднаш неделно бегаше од часови за да протестира против климатските промени, пренесува АП.

Илјадници студенти се собраа во Прага и во други градови низ Чешка. Носеа и транспаренти „Повеќе љубов, помалку јаглен“ и „Наука, не молк“.

Имаше протести и во Словачка, вклучувајќи ја и Братислава.

Во Москва протестира само едно лице, Аршак Макичјан, кој скоро половина година самостојно организира протести. Владата редовно ги отфрла неговите пријави за групни протести.

Нигеријците во Абуџа и Лагос, како и во Најроби и Преторија, исто така излегоа на улиците.

Се протестира и на Соломонските Острови, според фотографиите објавени на Твитер од еколошката организација 350 Пацифик.

Најголемите протести против климатските промени во историјата на земјата се очекуваат во Индија.

Два марша се одржуваат во главниот град Њу Делхи, а протестите треба да продолжат уште една недела.

Стотици претежно помлади луѓе се собраа и во Кабул, а на чело на колоната неколку девојчиња носеа транспарент „Петок за иднината“.

Помала група демонстранти протестираа и во Токио, додека околу 3.000 деца маршираа пред парламентот во Бангладеш.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе