Притисок врз владата и Министерството за здравство

Протести на медицинскиот персонал во Франција (ВИДЕО)

Медицинскиот персонал од француските болници денес повторно излезе на улиците во неколку градови, барајќи повеќе од ветените 6,3 милијарди евра издвоени за здравство.

EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Синдикатите и медицинскиот персонал, кои протестираа и на 16 јуни, сакаат да извршат притисок за зголемување на платите и зголемување на буџетот за здравствениот систем кој беше доведен до раб поради пандемијата на коронавирусот.

На крајот на мај властите ветија средства наменети за зголемување на платите и подобра организација на здравствениот систем.

Не е наведено колку пари бара медицинскиот персонал погоден од кризата со коронавирусот. Конечниот договор за распределување на средствата за здравство ќе биде објавен во петок.

Вработените долго време се жалеле на недостатокот од персонал и ниските плати што ги навело лекарите и медицинските сестри да прифаќаат да работат на приватни клиники. Тоа прашање довело до низа штрајкови во текот на изминатата година.

Здравствените работници сега се решени раширената наклонетост од јавноста развиена за време на пандемијата да ја претворат во опиплив напредок за вработените во болниците и домови за стари лица- кои претседателот Емануел Макрон ги пофали како „херои во бели мантили“.

Министерот за финансии Бруно Ле Мер изјави денеска дека надлежните ќе направат сè што можат за медицинскиот персонал, без да наведе детали.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе