Лондон

Демонстрантите за климатски промени повторно протестираа во Лондон, над 710 уапсени (ФОТО)

Лондонската полиција соопшти дека повеќе од 710 лица се уапсени, а 28 се обвинети откако оваа недела започнаа протестите за климатски промени во британскиот главен град.

Бунтот против истребување започна во понеделникот и на моменти парализираше делови од Лондон со мирни демонстрации на мостот Ватерлo, Оксфордскиот циркус и други клучни знаменитости.

Демонстрантите денес повторно излегоа на улиците барајќи од британската влада да ja стави борбата против климатските промени за свој главен приоритет.

Лондонската полиција наместо масовно да демонстрира сила отстранувајќи ги демонстрантите таа зазема претпазлив пристап со што вели дека го почитува правото на мирни протести.

Во петокот, познатата актерка Ема Томпсон им се приклучи на активистите кај Оксфордскиот циркус, во срцето на една од најпопуларните шопинг области во главниот град, за да чита поезија со пофалби за убавините на Земјата.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе