Бараат оставки и вакцини

Протест во Сараево поради неспособноста на власта за време на пандемијата (ВИДЕО)

Стотици Босанци протестираа вчера во Сараево, барајќи оставки од највисоките државни службеници поради нивното постапување во пандемијата и неуспехот да спроведат национална програма за вакцинирање.

EPA-EFE

Демонстрациите се организирани откако во таа земја беа пријавени 99 смртни случаи од ковид-19, најголемиот број на жртви во еден ден од почетокот на пандемијата.

Демонстрантите во центарот на градот носеа транспаренти на кои пишуваше „Борба за живот“ и „Оставки и вакцини“.

На актуелната власт на ниво на БиХ во Федерацијата БиХ ѝ е даден рок од седум дена да поднесат оставки, а 14 дена да формираат нова влада која ќе изнесе јасен план за борба против вирусот.

„Ова е повик за помош на босанските граѓани“, кажа Маја Гасало Вразалица, една од организаторките на протестот. „Нашата неспособна власт се коцка со нашите животи..., а се коцкаме и ние ако продолжиме да молчиме“.

Властите на БиХ не успеаја да обезбедат вакцини за 3,3 милиони граѓани. Нарачаа 1,2 милиони дози преку Ковакс механизмот, но првиот контингент од 50.000 стигна дури минатата недела. Договорената испорака од 900.000 вакцини од ЕУ допрва треба да стигне. Во БиХ стигнаа околу 100.000 вакцини кои ги донираа Србија, Турција и Кина и 40.000 дози нарачани од Русија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе