Избрана нова косовска влада, протест пред собранието во Приштина

Косовското собрание денеска изгласа нова влада предводена од Авдулах Хоти од Демократската лига на Косово. За владата гласаа 61 пратеник, а 24 беа против. Неколку стотици граѓани се собраа пред собранието во знак на протест против одржувањето вонредна седница за избор на новата влада.

Насобраните носеа транспаренти на кои изборот на владата на Хоти е оценет како „манипулација со гласовите“.

„Мојот глас не дозволува да се манипулира со него“, пишуваше на еден транспарент.

Во изјавите за медиумите, најголем број од насобраните велат дека се за одржување нови, предвремени парламентарни избори.

Движењето Самоопределување во вторникот вечер рече дека тие не се организатори на овој протест.

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе