Протест на холандските земјоделци - фрлаат ѓубриво на автопат

Холандските земјоделци денеска продолжија да фрлаат шталско ѓубриво и ѓубре на автопатите и да подметнуваат пожари на другите патишта, во знак на протест против владините планови да ги намали емисиите на азот.

Фото: ЕПА

Сообраќајните власти објавија дека неколку патишта во централна и источна Холандија рано утринава се целосно или делумно блокирани и дека итно се испратени противпожарни служби за да се овозможи проодност на сообраќајот, пренесува АП.

Последните демонстрации се случија еден ден откако Јохан Ремкес, посредникот назначен од владата, ги повика организациите на земјоделците да разговараат со владејачката коалиција за начините за намалување на емисиите на азот.

„Ги гледам преговорите како пресвртница: заедничко излегување од ќор-сокакот. Кабинетот ме убеди дека се можни заеднички решенија“, изјави Ремкес.

Некои земјоделци го одбија назначувањето на Ремкес за независен посредник бидејќи тој е член на централно-десничарската политичка партија на премиерот Марк Руте и поранешен вицепремиер.

Земјоделците се лути затоа што веруваат дека владината одлука за намалување на емисиите на азотни оксиди и амонијак ќе го уништи нивниот земјоделски начин на живот и ќе ги остави без работа, наведува АП.

Холандската влада тврди дека емисиите на азотни оксиди и амонијак произведени од добитокот мора драстично да се намалат во близина на природните области што се дел од мрежата на заштитени живеалишта за загрозени растенија и диви животни, кои се протегаат низ 27 земји на Европската Унија.

Земјоделците тврдат дека неправедно ќе го сносат најтешкиот товар од реформите, додека другите индустрии, како што се воздухопловството, градежништвото и транспортот, иако и тие ја загадуваат животната средина, се подложени на многу поблаги мерки, и ја обвинуваат владата што не им понудила алтернативно решение.

Претходно оваа година земјоделците со трактори ги блокираа автопатите и дистрибутивните центри на супермаркетите.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе