Протекоа тајни документи на кинеската влада, граделе логори за муслимани

Протекоа низа тајни документи кои откриваат пообјективна слика за таканаречените центри за реедукација на муслиманските малцинства. Имено, кинеската влада тврди дека центрите во Ксинџијанг се доброволни училишта за стручна обука на Ујгурите, но се чини дека сепак станува збор за присилни кампови за реедукација и промена на светогледот.

Документите се објавени вчера од страна на Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ИЦИЈ). Се работи за шест документи, претежно од 2017 година, во кои се откриваат планови на кинеската влада за изградба на голем број високо обезбедени објекти каде затворениците присилно се подучуваат на кинески јазик и „идеолошки се образуваат“, пишува Си-ен-ен.

Пекинг и понатаму инсистира на тоа дека масовните кампови се всушност волонтерски центри за стручно оспособување па и во споменатите документи, таквите објекти се нарекуваат „институции за обука“, а затворениците „студенти“.

Но, во документите се наведуваат и строги безбедносни мерки, заклучување на вратите и мерки против бегство на „студентите“. Во нив е предвидено поставување надзорни камери и 24-часовно присуство на чувари.

Според информациите на министерството за надворешни работи на САД, во кинските логори, односно камповите за реедукација, затворени се до два милиони муслимански Ујгури и други малцински групи.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе