Протекоа снимки на кои Трамп признава дека ги лажел луѓето за коронавирусот (АУДИО)

Американскиот претседател Доналд Трамп отворено кажал дека сакал да ја намали заканата од ковид-19 признавајќи истовремено дека коронавирусот е опасен, открива нова книга на новинарот Боб Вудвард.

EPA-EFE

Осум недели пред претседателските избори објавувањето на делови на оваа книга која ја уредил славниот новинар, кој ја разоткри аферата Вотергејт, поттикна остра реакција од демократскиот кандидат Џо Бајден кој предупреди дека тоа било предавство на американскиот народ.

Трамп на аудио снимката која ја објави Си-ен-ен уште во март признал дека е запознаен со тоа дека од коронавирусот не умираат само постарите луѓе, туку и младите и дека се појавиле нови вџашувачки факти.

„Секогаш сакав да ја намалам“, кажал по тоа американскиот претседател во телефонски разговор со Вудвард на 19 март, кој е пренесен во книгата со наслов Гнев. „И сега сакам да ја намалам бидејќи не сакам да кревам паника“, додал тој.

Неколку недели претходно, на 7 февруари, на истиот новинар му кажал дека ковид-19 е „убиствено нешто“.

Поради неговото управување со епидемијата која во Соединетите Американски Држави уби повеќе од 189.000 луѓе, Трамп се најде на мета на остри критики од неговите противници, но и научниците и дел од републиканските функционери.

Го обвинуваат дека испраќал противречни и нејасни пораки, но и дека не покажал сочувство околу последиците предизвикани од вирусот. Во низа анкети големо мнозинство Американци остро ги осуди неговите постапки на тоа поле.

Книгата која треба да излезе на 15 септември содржи 18 разговори со Боб Вудвард меѓу декември 2019 и јули 2020 снимени со согласнот на Доналд Трамп.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе