„Дипломатски вандализам“

Протекоа нови депеши: Трамп излегол од иранскиот договор од инает на Обама

Американскиот претседател Доналд Трамп се повлече од иранскиот нуклеарен договор од „дипломатски вандализам", од инает на неговиот претходник Барак Обама напишал поранешниот британски амбасадор во Вашингтон, Ким Дерок во новооткриениот шокантен допис до Даунинг стрит, пренесе Мејл он сандеј.

Ова произлегува од ново протечените дипломатски депеши на поранешниот британски амбасадор во САД, објавени во неделата.

„Администрацијата се потпира на акт на дипломатски вандализам изгледа поради идеолошки и лични причини... се работи за договорот на Обама“, напишал амбасадорот Ким Дерок во дипломатските депеши од мај 2018 година, пренесе британскиот дневник Мејл он сандеј.

Овој документ е дел од втората серија доверливи извештаи кои протекоа и се објавени во неделата во британскиот дневник.

Првите депеши критични кон администрацијата на Трамп, кои се појавија во медиумите пред една недела, предизвикаа бесна реакција на американскиот претседател и оставка на британскиот амбасадор Дерок.

Британскиот весник ги објави најновите протечени документи и покрај предупредувањата на британската полиција медиумите да не го прават тоа.

Во мај 2018 година Борис Џонсон тогашниот британски министер за надворешни работи бил во Вашингтон во обид да го убеди американскиот претседател да не ги повлече САД од иранскиот нуклеарен договор потпишан во 2015 година со светските сили.

Во депешата испратена после тоа, амбасадорот Ким Дерок ја открива поделеноста во тимот на Тармп околу одлуката, и го критикува недостатокот од долгорочна стратегија на Белата куќа.

„Не можат да формулираат никаква стратегија за наредниот ден и контактите со Стејт департментот ова утро не укажуваат на никаков план за подавање рака на партнерите и сојузниците, било во Европа или во регионот“, напишал амбасадорот.

Тој, исто така, пренесе дека државниот секретар на САД Мајк Помпео „суптилно се дистанцирал и говорел за ‘одлуката на претседателот’“ за време на разговорот со Борис Џонсон.

Според поранешниот британски амбасадор Мајк Помпео навестил дека безуспешно се обидел да го „продаде“ ревидираниот текст на договорот на Доналд Трамп, пишува Мејл он сандеј.

Нуклеарниот договор е постигнат во 2015 меѓу Иран и шест светски сили - САД, Кина, Русија, Велика Британија, Франција и Германија, и овозможил укинување на дел од санкциите на Техеран во замена за обврзување на Иран дека нема да развива нуклеарно оружје.

Трамп на 8 мај 2018 најави дека САД се повлекува од договорот.

Претходно протечените депеши, од минатата недела, во кои Трамп не е прикажан во многу поволно светло предизвикаа бура меѓу Велика Британија и нејзиниот близок сојузник САД.

Амбасадорот Дерок во средата поднесе оставка, проценувајќи дека е невозможно да продолжи да работи на функцијата.

Британската влада нареди спроведување истрага за изворот на протекување на доверливите документи и полицијата отвори истрага за можното прекршувања на Законот за службени тајни.

Во овие истраги е идентификуван изворот на протекување, пишува денес Сандеј тајмс.

Според весникот, осомничениот е британски функционер кој имал пристап до архивите на Министерството за надворешни работи.

Британската полиција вчера е обвинета дека ѝ се заканува на слободата на медиумите, откако испрати предупредување до медиумите да не објавуваат доверливи документи.

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе