Протекоа детали од тајниот договор како Британија ја надмудрила ЕУ околу вакцините

Британските власти на компанијата Астразенека ѝ дале дозвола за користење на домашните производни капацитет за производство на 717.000 дози наменети за Австралија, пишува британски Телеграф.

EPA-EFE

Астразенека во февруари и март, кога ЕУ бараше од Британија дел од своите дози да ги пренасочи во Европа за да го надомести заостанувањето во вакцинирањето, наместо на ЕУ, испорачала најмалку две пратки вакцини во Австралија.

И покрај тоа што преговорите меѓу земјите се спроведувале во тајност, новинари на Телеграф дознале дека на почетокот на оваа година Астразенека добила дозвола за извоз во Австралија, со тоа што за возврат Британија добила пристап до 10 милиони дози од вакцината кои ги произвел Индискиот институт за серум, кој ги произведува вакцините на компанијата Астразенека.

Според договорот меѓу Британија и Астразенека, овој договор бил легален бидејќи ѝ овозможува на компанијата да го надомести својот недостиг во домашното производство со набавка на дози од своите други странски погони.

Договорот покажува и дека Австралија обезбедила претходно снабдување со вакцини, додека Британија продолжила да го добива потребниот број дози за да ги исполни своите цели. Тоа не го сменило вкупниот број дози кои Британија треба да ги добие од Астразенека, кој и понатаму изнесува 100 милиони.

Британија во март добила 5 милиони дози од Индија, иако сега е спорно дали индиските власти ќе се согласат да го испратат останатиот дел од пратката во време кога дневно бележат по 350.000 нови инфекции. Останува нејасно и дали Австралија е единствената земја која има корист од таквиот договор.

Лондон од повеќе фармацевтски компании нарача 517 милиони дози вакцини против ковид-19, што е доволно два и пол пати да ја вакцинира целата своја популација со три дози.

Првите информации за британскиот договор со Австралија се појавија на 8 април, кога Сидни морнинг хералд јави дека во Австралија се доставени 717.000 дози произведени во Британија.

Првата серија од 300.000 дози била доставена на 28 февруари, неколку недели откако Европската комисија ги усвои ограничувањата на извозот на вакцини произведени во ЕУ. Втората пристигнала откако Брисел официјално го блокирал барањето за испорака на 250.000 дози во Австралија од Италија.

Овој договор би можел дополнително да ја разгневи ЕУ која веќе ја тужи Астразенека за доцнењето на испораката на вакцините.

Астразенека одби да ги коментира тврдењата на Телеграф.

„Деталите на кој било комерцијален договор за снабдување со вакцини меѓу националните влади и Астразенека се деловна тајна“, соопшти портпаролот на компанијата.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе