Протече документ на ОН: Повеќе од 60 земји се борат да овозможат увоз на храна

Повеќе од 60 земји во светот се борат да обезбедат храна од увоз, пишува порталот Политико повикувајќи се на заклучоците на специјална работна група на Обединетите нации, формирана за решавање на растечките тензии во обезбедувањето храна по руската инвазија во Украина.

EPA-EFE

Работната група вниманието го насочила кон десетици земји во светот, вклучувајќи ги Колумбија, Малави, Пакистан и Мјанмар, се наведува во документот во кој имал увид бриселскиот портал.

Во информацијата за состанокот кој го воделе функционери на ОН на 28 јули се вели дека работната група „и понатаму се фокусира на високите трошоци на увозот кои влијаат на платниот биланс во над 60 земји“, како и на предизвиците на прехранбената сигурност кои произлегуваат од девизните курсеви и националните буџети кои се борат да си дозволат „основен увоз“.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ја формирал 32-члената Глобална група за одговор на кризата во март, откако Русија во февруари изврши инвазија на својот сосед и главниот произведувач на храна Украина, за да понудат предлог политики за соочување со кризата во енергетиката, финансиите и прехранбениот сектор.

Од тогаш, „мрежа“ на клучни експерти за прашањето на гладот во светот ја советуваат прехранбената компонента на Глобалната група, која заедно ја предводат Ингер Андерсен, шеф на Програмата на ОН за животна средина и Дејвид Набаро, специјален претставник за ковид-19 во Светската здравствена организација.

Документот во кој Политико имал увид е имејл на Набаро испратен на 4 август во кој го резимира состанокот од 28 јули наведувајќи дека учесниците истакнале дека „во Сиера Леоне, меѓу сиромашните граѓани се намалува потрошувачката на продукти како резултат на зголемувањето на цените и дека за слични ризици се известува од Колумбија, Конго, Чад, Еквадор, Ирак, Кенија, Малави и Мавританија“.

Продолжува дека „организациите на потрошувачи известуваат дека цените растат сè побрзо во Пакистан, Мјанмар, Перу, Малави, Бурунди и Нигерија и дека сè поголем број луѓе плаќаат „над вистинската вредност“ за основните намирници, а околу 12 влади се блиску до неможност за исплаќање на долговите и многу од нив бараат можности за отпишување на долговите“.

Оваа неформална советодавна група за прехранбената криза се сретнала 13 пати оваа година, но за неа нема информации на интернет страницата на ОН, пишува Политико и додава дека еден од учесниците на состанокот од 28 јули кажал дека нема фиксно членство во групата и дека околу 30 до 40 луѓе се повикани да присуствуваат на последниот состанок.

ОН разговарале за неодамнешниот договор со кој помогнаа во посредувањето меѓу Украина, Турција и Русија повторно да се отворат црноморските пристаништа околу Одеса за извоз на храната, кажал извор за Политико.

Јозеф Шмидубер од Организацијата за храна и земјоделство на ОН го поставил прашањето дали Црноморскиот договор вклучува какви било одредби кои гарантираат дека посиромашните земји ќе може да си дозволат купување на новоослободеното украинско жито, но не добил одговор.

„Веруваме дека постигнуваме напредок, особено во храната“, кажа Гутереш на 3 август. Мрежата на Глобалната група која се бави со тековите на храната следниот состанок ќе го одржи на 25 август, пишува Политико.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе