Америка ја „расипа“ зделката

Пропаѓа договорот на Израел и Хрватска околу купувањето на авионите Ф-16

Новинарот Барак Равид пишува за американскиот портал Аксиос дека американскиот министер за одбрана во заминување Џејмс Матис ја одбил понудата на Израел и нивниот премиер САД малку да „омекнат“ околу продажбата на израелските авиони Ф-16 на Хрватска.

Со тоа, пишува Равид, практично пропаѓа целата зделка. Равид, кој прв напиша пред дваесетина дена дека преговорите на САД и Израел околу ова прашање се заглавени, се повикува на високи извори од израелската влада кои учествувале во преговорите.

„Израелски функционер ми кажа дека Бенјамин Нетанјаху му се јавил на Матис пред две недели, пред тој да даде оставка, и го прашал за ублажување на американските услови за продажбата“, пишува Равид и додава дека Матис го одбил.

Според израелскиот функционер, Нетанјаху планирал да му се јави и на Марилин Хјусон, претседателот на компанијата Локид Мартин, но сфатил, пишува Равид, дека тоа е залудно.

„Од причини кои не ги разбирам целосно, Американците ги заострија своите услови, а ние погрешно ја проценивме нивната позиција во договорот. Практично, зделката со Хрватска е мртва и мислиме дека не е можно да се постигне договор кој ќе ги задоволи и САД и Хрватска“, го цитира новинарот израелскиот извор.

Тој додал дека Израел нема друг избор „освен да ѝ се извини на Хрватска за пропаднатата зделка“.

Ни Стејт департментот ни кабинетот на израелскиот премиер не ги коментираа овие тврдења, пишува Аксиос.

Хрватските медиуми објавија вчера дека американскиот Конгрес дозволи израелските авиони да ѝ се продадат на Хрватска, но во таа дозвола има еден клучен факт. Американците, што од почетокот го истакнуваат, сакаат Израел авионите кои во осумдесеттите години од 20 век ги добиле од САД да ги продадат само ако претходно ги вратат во фабричката состојба, односно во онаков облик во кој ги добиле.

Таа опција не ѝ одговара на Хрватска чии функционери, од претседателката па до владата, повеќе пати кажаа дека Хрватска ги сака само и исклучиво авионите што ги договорила.

„Она што е важно да се истакне е дека во Хрватска мора да стигнат онакви авиони за какви што се договоривме“, кажа хрватска претседателка Колинда Грабар Китаровиќ пред две недели. Сличен е и ставот на хрватска влада.

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе