Пропадна планот на поранешниот италијански премиер, ќе се оди на влада на национален спас?

Преговорите меѓу партиите на владејачката коалиција во Италија, со цел формирање нова влада по оставката на премиерот Џузепе Конте, пропаднаа, објави синоќа претседателот на Претставничкиот дом на италијанскиот парламент Роберто Фико.

EPA-EFE

Тој од саботата ги водеше преговорите за излез од политичката криза.

„Партиите се на премногу оддалечени позиции, затоа според мене нема доволно простор за формирање владино мнозинство“, кажа Фико по разговорот со италијанскиот претседател Серџо Матарела.

Тој во петокот му ја довери задачата да посредува меѓу партиите на претходната владејачка коалиција за да се види дали може да биде обновена и за тоа му даде рок од четири дена.

Италијанскиот претседател синоќа кажа дека сака да именува влада за која се надева дека би добила широка поддршка од парламентот.

Матарела, врховниот арбитер во италијанската политика, кажа дека не сака да свикува предвремени избори, истакнувајќи дека на земјата сега ѝ треба силна влада која ќе се бори се епидемијата и ќе зацрта планови за заздравување на економијата.

Италијанскиот претседател утре на разговор го повика поранешниот претседател на Европската централна банка Марио Драги, соопшти синоќа неговиот портпарол.

Конте поднесе оставка минатиот вторник откако малата, но клучна партија од неговата коалиција ја повлече поддршката.

Владејачката коалиција се распадна на 13 јануари со заминувањето на партијата Вива Италија на поранешниот премиер Матео Ренци, поради проблемите во користењето на парите од фондовите на ЕУ за заздравувањето од пандемијата на коронавирусот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе