Производството на пластика во светот во благ пад поради пандемијата

Само по трет пат од почетокот на индустриската ера (Втората светска војна), годишното производство на пластика опадна за 0,3 проценти во 2020 година, поради светската здравствена криза, објави Европската асоцијација на производители на пластика (ПластиксЈуроп).

Фото: Пиксабеј

Во Европа, каде од фабриките минатата година излегоа 55 милиони тони пластика, тој пад изнесува 5,1 процент, а малку поизразен е во Франција, каде производството во 2020 година е намалено за 11 проценти, соопшти здружението.

Автомобилската индустрија, која била принудена да го прекине производството поради пандемијата, е најпогодениот индустриски сектор и бележи најголем пад на потрошувачка на пластика, од 18,1 процент, во Европа.

„Со произведени 367 милиони тони пластика во 2020 година во споредба со 368 милиони произведени во 2019 година, ова е трет глобален пад од повоениот период, по оној од 1973 година, во времето на првиот нафтен шок и падот на производството во 2008 година за време на глобалната финансиска криза“, изјави Ерик Квенет извршниот директор на ПластиксЈуроп, за АФП.

Но, во Кина, и покрај пандемијата, производството продолжило да расте, така што минатата година е забележан раст од еден процент, наведе здружението.

Кина, која произведе четвртина од светската пластика во 2010 година, сега испорачува само третина откако двојно го зголеми производството од 64 милиони тони во 2010 година на 117 милиони тони минатата година.

Европа во 2010 година произвела 21 процент пластика или 56 милиони тони, а денес произведува 15 проценти или околу 55 милиони тони.

Иако, во однос на квантитетот, Северна Америка го зголеми производството во последните десет години - 70 милиони тони во 2020 година во однос на 53 милиони тони во 2010 година - благодарение на новите полимерни единици, чија конкурентност се базира на експлоатација на гас од шкрилци, континентот сè уште успева да одржува стабилно место на скалата на производители со 19 проценти од светското производство во 2020 година во споредба со 20 проценти пред 10 години.

Легенда под Главна слика

Фото: Пиксабеј

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе