Производители на облека: Не можеме да се ослободиме од залихите, сите купуваат само пижами

Европските и американските ланци за трговија со облека не успеваат да се ослободат од залихите и ги намалуваат нарачките за пролетните колекции, а фабриките во Бангладеш залудно чекаат нарачки, затоа што во ковид-светот најбарани се пижамите, пишува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Глобалната индустрија за облека само што започна да се опоравува од тешката 2020 година, кога пристигна нов удар - нов бран на ширење на вирусот и ограничувања со кои владите се обидуваат да го запрат, но и нееднакви програми за вакцинација.

Некои ланци сè уште не успеале да се ослободат од облеката од минатата година, што нормално би биле продадени за време на распродажби. Британскиот Примарк има на залиха колекција за пролет/лето 2020 во вредност од 150 милиони фунти и колекција вредна 200 милиони фунти за есен/зима.

Во консултантската фирма Мекинзи, вредноста на непродадената облека во светот, во продавниците и магацините, се проценува на 140 до 160 милијарди евра, што е повеќе од двојно од нормалното.

Британските Маркс и Спенсер и германскиот Хуго Бос порачаа помалку облека од вообичаеното за пролетната колекција годинава.

Проблемите се прелеваат на големите производители на облека како Бангладеш, кои во голеа мера се потпираат на извоз на текстил. Фабриките се борат да останат отворени.

Здружението на производители и извозници на облека од Бангладеш спроведе истражување во педесет фабрики и откри дека тие добиле 30 проценти помалку порачки оваа сезона од вообичаеното, поради предбожикните затворања во поголемиот дел од Европа. Нови проблеми пристигнаа во јануари со новите мерки за блокада.

„Нарачките обично пристигнуваат три месеци однапред. Но, нарачките за март не пристигнаа“, рече Шахидулах Азим, сопственик на фабрика чии клиенти се трговци од Северна Америка и Европа.

„Работиме со капацитет од 25 проценти. Имаме неколку нарачки за фабриката да работи до февруари, но после тоа не се знае каква ќе ни биде иднината. Тешко е да се каже како ќе преживееме“, додаде Азим.

Минатата година беше тешка за индустријата за облека, која забележа пад на продажбата за 17 проценти, според Еуромонитор, а иднината е неизвесна.

Проценките за 2021 година се движат од песимистичките предвидувања на Мекинзи дека ќе падне за 15 проценти до проценките на Еуромонитор дека ќе опадне „само“ 11 проценти.

Дали има некоја светла точка? Некаков вид олеснување носи популарноста на пижамите за време на блокадите, пишува Ројтерс.

„Ако сакате да знаете што се носи во Велика Британија - во мода повторно се пижамите“, рече извршниот директор на Маркс и Спенсер, Стив Роу, во јануари.

Хуго Бос алудираше на истиот феномен со намалување на понудата на класична деловна облека и проширувајќи ја онаа за дома и слободно време.

За некои производители, ова е мала утеха. „Побарувачката за пижами никогаш не била поголема, но не можеме сите да правиме пижами“, вели Азим.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе