Произведувачот на Спутник V: Нашата вакцина штити против сите соеви, вклучувајќи го и делта

Институтот кој ја разви руската вакцина против коронавирусот Спутник V објави денес дека таа штити од сите познати варијанти, вклучувајќи ја делта, одговорна за новата експлозија на епидемијата во Русија.

EPA-EFE

Рускиот главен град и регионот, како и вториот град во земјата Санкт Петербург, зафатени се со новиот бран и имаат рекордни бројки на заразени.

Александар Гинтсбург, директорот на центарот Гамалеја кој го произведува Спутник V, кажа дека двете дози од вакцината штитат од сите сега познати варијатни, од британската до индиската делта.

Со тие изјави го поттикнува руското население на вакцинирање во време кога кампањата за вакцинација е во застој поради недовербата и покрај постојаните повици на рускиот претседател Владимир Путин.

Властите на регионот на Москва денес информираа за најголемиот дневен број на заразени од почетокот на епидемијата со 1.811 случаи.

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин кажа дека околу 90 отсто од новозаразените ја имаат позаразната делта варијанта, која се појави во Индија и се заканува да ги преполни болниците на главниот град.

Руската влада објави дека од ковид-19 умреле 129.801 заболени, што е најмногу во Европа, додека статистичката агенција наведува дека од почетокот на пандемијата умреле околу 270.00 луѓе.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе