Бајонтек, Модерна и Џонсон и Џонсон

Произведувачите почнуваат да работата на вакцина за омикрон, Русија верува во Спутник

Бајонтек, Модерна и Џонсон и Џонсон работата на вакцина која специфично би го целела омикрон, ако се покаже дека постоечките не се ефикасни против новата варијанта на коронавирусот.

EPA-EFE

Појавата на новата варијанта на коронавирусот иницираше глобален одговор, бидејќи постои страв дека би можела да се шири побрзо и меѓу вакцинираните па владите воведуваат забрани за патувања и други мерки.

Бајонтек објави дека почнал да работи на вакцина за омикрон заедно со партнерот Фајзер.

Џонсон и Џонсон исто така ја анализира ефикасноста на своите вакцини против омикрон, истовремено работејќи на специфична вакцина за таа варијанта.

„Почнавме да работиме на осмислување и развој на нова вакцина за омикрон и ако затреба брзо ќе почнеме и клинички истражувања“, кажа Матаи Мамен, директор на развој во таа фармацевтска компанија.

На Модерна ќе ѝ требаат неколку месеци за да почне да ги испорачува вакцините кои дејствуваат против варијантата омикрон, кажа извршниот директор Стефан Бансел.

Русија е уверена дека нејзината вакцина Спутник V е ефикасна против новата варијанта, а во спротивно е спремна да произведе стотина милиони бустер дози.

Русите наведоа дека вакцината, која ја разви институтот Гамалеја, веројатно ќе биде ефикасна против омикрон.

„Институтот Гамалеја верува дека Спутник V и Спутник лајт ќе го неутрализираат омикрон бидејќи се ефикасни против другите мутации“, кажа Кирил Дмитриев, шеф на Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ) кој е задолжен за извоз на вакцините во странство.

„Ако биде потребна модификација, што е малку веројатно, ќе обезбедиме неколку стотици милиони бустер дози од Спутник против омикрон до 20 февруари 2022 година“, напиша Дмитриев на официјалниот профил на Спутник на Твитер.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе