Произведувачите на вакцини ветија 3,5 милијарди дози за сиромашните

Големите произведувачи на вакцините против коронавирусот – Бајонтек/Фајзер, Модерна и Џонсон&Џонсон – ветија на самитот на Г20 дека оваа и идната година по производна или намалена цена ќе испорачаат 3,5 милијарди дози вакцини на најсиромашните земји.

EPA-EFE

Оваа година би требало да бидат испорачани речиси 1,3 милијарди дози, а остатокот следната година. Фајзер ќе испорача две милијарди дози, Модерна околу 995 милиони, а Џонсон&Џонсон до 500 милиони. Тие ќе бидат достапни по производна цена за земјите со ниски приходи и по намалена цена за земјите со средни приходи, кажаа претставниците на тие компании на виртуелниот самит за здравјето кој го организираа италијанското претседателство на Г20 и Европската комисија. Европската Унија на отворањето на самитот објави дека таа ќе обезбеди 100 милиони дози.

„Сите, секаде мора да имаат пристап до вакцините. Европа планира да даде најмалку 100 милиони дози на земјите со ниски и средни приходи до крајот на 2021 година“, истакна претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Италија се обврза дека ќе издвои уште 300 милиони евра помош за најранливите земји во вакцинирањето, додека францускиот претседател Емануел Макрон кажа дека Франција ќе му даде на Ковакс најмалку 30 милиони дози вакцини до крајот на оваа година. Обезбедувањето вакцини за најранливите земји, меѓународната солидарност и превенцијата на идни пандемии се главните теми на самитот, на кој учествуваат Европската комисија, африканските и азиските земји и 12 меѓународни организации и приватни фондации.

Завршната декларација од настанот би требало да содржи ветување од најбогатите земји дека ќе поддржат производство на вакцини во Африка благодарение на трансферот на технологијата.

„Додека се подготвуваме за идната пандемија, нашиот приоритет мора да биде да ја совладаме актуелната пандемија заедно. Мора да го вакцинираме светот и тоа брзо“, порача италијанскиот премиер Марио Драги.

Текстот на декларацијата не би требало да ја поддржи контроверзната идеја за привремена суспензија на правото на интелектуалната сопственост на вакцините, туку да повика на доброволно отстапување на лиценците и укинување на пречките за извоз. Суспензија на патентите заговараат САД, но државите членки на ЕУ на ја прифаќаат, предупредувајќи на должината и сложеноста на процесот на производство.

ЕУ наместо тоа побараа од САД, големиот произведувач на вакцини кој, меѓутоа, практично не извезе ниту една доза, да ги укине рестрикциите за извоз на вакцините. Кинескиот претседател Си Џинпинг исто така им се обрати на учесниците на самитот ветувајќи помош од три милијарди долари во следните три години за поддршка на борбата против пандемијата и економското заздравување.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе