Прогласена вонредна состојба поради ураганот Доријан, се стравува дека ќе стане најсилен во историјата на САД (ВИДЕО)

Американскиот Национален центар за урагани соопшти дека Доријан се движи над Атлантикот, а го следат ветришта со јачина до 137 километри на час.

Флорида се подготвува за пристигнувањето на ураганот Доријан. Прогнозите се дека ќе зајакне за време на викендот до четврта категорија, со удари на ветришта од над 200 км/ч. Во сите 67 окрузи на американската сојузна држава Флорида е прогласена вонредна состојба.

Предупредувања пристигнуваат од сите страни. Функционерите и експертите стравуваат дека Доријан би можел да стане најсилниот ураган во историјата на Соединетите Држави. Проценет е на четврта од пет категории, што значи дека се очекува поприлична штета. На населението на најјужната американска држава му се советува да биде внимателно и да ги почитува сите препораки на властите.

„Не чекајте да биде предоцна. Дури и ако не ве зафати ураганот, подобро е да се спречи отколку да се лечи. Ако сте во областа која е на удар, бидете спремни дека ќе снема струја. Апелирам до граѓаните да направат резерви од храна и вода за седум дена“, порача Рон Десантис, гувернерот на Флорида.

Американскиот претседател Доналд Трамп кажа дека е задоволен што сите служби се целосно спремни и им вети помош на загрозените.

„Ќе видиме што ќе се случи. Чекаме. Речиси е сигурно дека ураганот ќе го погоди самиот центар и тоа не е добро. Но, ние сме спремни и се надеваме дека ќе имаме среќа“, кажа Трамп.

Ураганите од највисоките категории во Соединетите Држави носат бројни човечки жртви и прават голема материјална штета.

Трамп пред две години ја разгневи јавноста поради начинот на кој државата ги третира ураганите и поради односот кон жртвите, особено во Порторико, каде тогаш настрадаа 3.000 луѓе. Овој пат поради ураганот беше откажана неговата посета на Полска, а нема да учествува ни на одбележувањето на 80-годишнината од почетокот на Втората светска војна.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе