Мртва трка меѓу социјалдемократите и конзервативците

Проекции во Германија: СПД во блага предност пред ЦДУ, се спомнуваат можни коалиции

Социјалдемократската партија на Германија (СПД) освои околу еден отсто гласови повеќе од конзервативната коалиција на денешните парламентарни избори, покажува проекцијата на германската телевизија АРД објавена вечерва.

EPA-EFE

Според таа проекција, СПД добила околу 25,7 отсто од гласовите, а конзервативната коалиција на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) 24,5 отсто, додека на трето место се Зелените со 14,3 отсто од гласовите.

Според истата проекција, во германскиот парламент Бундестагот влегуваат и либералната Слободната демократска партија (ФДП) со 11,5 отсто, екстремно десната Алтернатива за Германија (АфД) со која никој не сака да коалицира, со 10,5 отсто, и Левица, која е со екстремно лева позиција, со 5 отсто.

Тоа значи дека СПД во Бундестагот кој има 730 места би имала 204 пратеници, ЦДУ/ЦСУ 197, Зелените 114, ФДП 91, АфД 83, Левица 40, а останатите партии еден пратеник.

Според проекциите на две германски телевизии, ЗДФ и Дојче веле, кои беа објавени претходно вечерва Социјалдемократската партија на Германија (СПД) исто така освоила околу еден отсто гласови повеќе од конзервативците на изборите.

На претходните избори, одржани во 2017 година, блокот ЦДУ-ЦСУ имаше 32,9 отсто од гласовите, СПД 20,5 отсто, Зелените 8,9 отсто, ФДП 10,7 отсто, АфД 12,6 отсто, а Левица 9,2 отсто.

Тесниот резултат на денешните избори навестува дека претстојат долги преговори за нова влада и дека е неизвесно кој ќе ја наследи канцеларката Ангела Меркел која се повлекува по 16 години на челото на владата.

Ако излезните анкети се покажат како точни, резултатот на десничарскиот блок ЦДУ-ЦСУ ќе биде најлошиот во повоената историја на Германија. Претходниот најлош резултат го имала во 1949 година, 31 отсто, во тогашна Западна Германија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе