Продолжуваат протестите во Мјанмар, убиени осум луѓе (ВИДЕО)

Мјанмарската војска ја обвини уапсената цивилна лидерка Аунг Сан Су Кји за примање мито, а денес се убиени уште осум луѓе во пукање на безбедносните сили во протестите против воениот пуч, наведуваат сведоци и локалните медиуми. Групата за заштита на човековите права Амнести интернешнал ја обвини војската за употреба на борбени тактики против демонстрантите.

EPA-EFE

Шест лица се убиени во пукање во градот Мјаинг, изјави за Ројтерс маж кој учествувал во демонстрациите и помогнал да се пренесат телата во болница. Тамошен здравствен работник ги потврдил сите шест смртни случаи.

Едно лице е убиено во Северен Дагон, дел од најголемиот град Јангон, пишуваат локални медиуми, а уште еден смртен случај е забележан во Мандалеј.

Пред извештаите за убиените, здружение за помош на политичките затвореници објави дека се убиени над 60 демонстранти и дека безбедносните сили притвориле околу 2.000 луѓе од воениот пуч на 1 февруари.

Амнести интернешнал ја обвини војската за употреба на смртоносна сила против демонстрантите и дека многу документирани убиства биле вонсудски погубувања. Портпаролот на војската Зав Мин Тун одби да го коментира насилството.

Владејачката хунта претходно наведе дека дејствува крајно воздржано против разузданите демонстранти кои ги обвинува за напад врз полицијата и предизвикување штета на националната безбедност и стабилност.

Портпаролот Мин Тун кажа на конференција за медиумите во престолнината Најпијтав дека Су Кји примила незаконски исплати во вредност од 600.000 долари и злато додека била на власт.

Информацијата е проверена и бројни лица се испрашани, тврди Мин Тун. Тој кажа и дека претседателот Вин Мјинт и неколку владини министри се бавеле со коруптивни дејства и дека претседателот вршел притисок врз националната изборна комисија да не реагира на воените извештаи за неправилности на изборите.

Мин Тун исто така повтори дека војската ќе биде на власт до новите избори. Хунтата претходно вети нови избори за една година, но не одреди датум.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе