Продолжуваат протестите во Мјанмар, полицијата пукаше во воздух

Полицијата денес ги растера демонстрантите во двата најголеми градови во Мјанмар, со шок бомби и гумени куршуми истрелани во воздух, додека напорите на армијата да го наметне своето владеење не покажуваат знаци на попуштање.

EPA-EFE/NYEIN CHAN NAING

Најмалку едно лице е повредено во протестите во главниот град Јангон, рече сведокот, додека фотографијата објавена од медиумите од вториот по големина град Мандалај покажа слика на ранет демонстрант во амбуланта кола. Полицијата не беше веднаш достапна за коментар.

Јужноазиската држава е во криза откако војската ја презеде власта на 1 февруари и ја затвори лидерката на цивилната влада Аунг Сан Су Ки и голем дел од нејзното партиско раководство, откако војската се пожали на измама на изборите во ноември и победа на нејзината партија.

Адвокатот на Су Ки, кој е во домашен притвор, се пожали дека нема пристап до својата клиентка, три дена пред да се врати на суд, додавајќи дека тоа ќе го поткопа нејзиното право на фер судење.

Веќе три недели се одржуваат протести на продемократски активисти, кои честопати привлекуваат стотици илјади луѓе низ целата земја. Во Јангон, стотици претежно млади луѓе повторно се собраа, но се распрснаа кога пристигна полицијата.

Мали групи се собрале на друго место каде извикувале слогани и се судриле со полицијата која подоцна истрела шок бомби и пукала во воздух за да ги растера луѓето.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/NYEIN CHAN NAING

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе