Продолжуваат израелските напади врз Газа, Палестинците досега испукале 3.100 ракети кон Израел (ВИДЕО)

Израелската армија објави дека нападнала цели во појасот Газа, додека палестинските милитанти продолжуваат да гаѓаат со ракети кон Израел.

Фото: ЕПА

И покрај меѓународните повици за прекин на огнот, конфликтот, кој ескалираше пред скоро една недела, не покажува знаци на смирување.

Израелската армија објави дека во текот на ноќта гранатирала домови на девет високи команданти на исламското движење Хамас. Некои од нив биле користени како складишта за оружје, според израелската војска.

Повеќе од 1.500 цели се нападнати во појасот Газа, изјави во неделата израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Нетанјаху рече дека операцијата ќе продолжи „со полна сила“.

Палестинската страна соопшти дека воздушните напади биле најсилни досега во густо населената Газа.

Најмалку 3.100 ракети се истрелани кон Израел од почетокот во понеделникот, се вели во соопштението на израелската армија.

Двете страни соопштија дека ракетните напади биле најжестоки досега.

Најмалку 192 лица се убиени во Газа, според Министерството за здравство.

Само во саботата, 42 Палестинци биле убиени во израелски воени напади врз домови во Газа, соопшти Министерството.

Во Израел, според израелски извори, од минатиот понеделник 10 лица загинаа од ракетните напади.

Израел го обвинува Хамас, исламистичкото движење што го контролира појасот Газа, за сите напади што доаѓаат оттаму.

Досега меѓународните дипломатски обиди за смирување на тензиите имаа слаб ефект.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе