Продолжува судењето на Нетанјаху за корупција по тримесечната пауза

Судењето за корупција на поранешниот премиер на Израел Бенјамин Нетанјаху продолжи денес, по тримесечна пауза, со вкрстено испрашување на директорот на веб-сајтот Вала Илан Јешуа.

EPA-EFE

Нетанјаху, сега лидер на опозицијата, не пристигна во окружниот суд во Ерусалим на рочиштето, бидејќи му е дозволено да не присуствува.

Јешуа е првиот и главен сведок во таканаречениот Случај 4000, во кој бившиот премиер се обвинува за злоупотреба на позицијата додека бил премиер и министер за комуникации од 2014 до 2017 година, наведуваат израелските медиуми.

Адвокатите на Нетанјаху се надеваат дека ќе докажат дека тој немал специјален третман во извештаите на информативниот сајт.

Нетанјаху е обвинет дека ја користел својата позиција нелегално да придонесе на бизнис интересите на Шаул Елович, главниот акционер во телекомуникацискиот гигант Безек.

Во замена за тоа Елович наводно обезбедил за Нетанјаху и неговото семејство поволно да се известува на сајтот на компанијата и им дозволувал на соработниците на тогашниот премиер и членовите на неговото семејство да влијаат врз содржината и политиката на сајтот.

Одбраната се обидува да докаже дека, спротивно на тоа што го тврди главниот сведок, наредбите доаѓале не само од Нетанјаху туку и од други политичари, бизнисмени и компании.

Адвокатите на одбраната тврдеа дека не им се дадени сите снимки од телефонските разговори на поранешниот директор на сајтот и бараа повеќе време за подготовка на сите неопходни докази, поради што судењето беше прекинато на три месеци.

Новите докази сугерираат дека за време на изборната кампања во 2013 и 2015 година биле воспоставени врски меѓу Јешуа и неколку политичари и владини функционери кои воделе сметка за буџетот за рекламирање на разни партии на сајтот. Во замена за плаќање на рекламите сајтот поволно известувал за тие партии.

Поранешниот заменик државен обвинител Јехошуа Резник оцени меѓутоа дека постои значајна разлика бидејќи за Нетанјаху, во случај тврдењето на обвинителот да е точно, поволно се известувало во замена за носење прописи во негова надлежност што се смета за мито.

На Нетанјаху му се суди за мито, измама и злоупотреба на позицијата, а на Елович и неговата сопруга за мито.

Судењето подоцна ќе се фокусира на другите случаи против бившиот премиер.

Тој е обвинет дека примал скапи подароци од милијардери, за договор со сопственикот на тиражниот дневник Једиот ахронота, Арнон Мозес, за позитивно известување во замена за ослабување на ривалски весник.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе