Продолжува скандалот со подморниците. Франција: Ни забивте нож во грб

Францускиот амбасадор во Австралија Жан-Пјер Тебо во средата ја обвини Австралија, која го откажа договорот вреден повеќе милијарди долари за изградба на флота подморници, за измама.

Фото: ЕПА

„Тоа беше намерна измама“, им рече Тебо на новинарите во Канбера. „И бидејќи влогот беше многу поголем од купувањето на подморниците и бидејќи договорот беше склучен со пренос на доверливи информации, може да кажеме дека ни беше забиен нож во грб“, додаде тој.

Австралија го откажа договорот со француската компанија Навал Груп во септември, откако склучи договор со САД и Велика Британија за изградба на најмалку 12 нуклеарни подморници. Новиот сојуз, наречен АУКУС, треба да ѝ овозможи на Австралија за прв пат во историјата пристап до подморници со нуклеарен погон.

Таа одлука предизвика голем билатерален спор, а Франција во знак на протест ги отповика своите амбасадори од Австралија и САД. Тебо се врати во Канбера минатиот месец и првпат јавно проговори за билатералните односи во средата.

Францускиот претседател Емануел Макрон во неделата изјави дека австралискиот премиер Скот Морисон го лажел за намерите на Канбера.

Морисон го отфрли тоа тврдење.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе