Признанието на Закерберг предизвика широка дискусија: „Ги следиме и оние што не се корисници на Фејсбук“

Загриженоста во врска со непочитувањето на приватноста на личните податоци на Фејсбук е сè поголема и предизвика широка дебата, откако нејзиниот основач и директор Марк Закерберг рече дека социјалната мрежа ги следи и оние што не се нејзини корисници.

Фејсбук минатиот месец призна дека податоците од десетици милиони корисници завршиле во рацете на политичката консултантска фирма Кембриџ аналитика, меѓу чии клиенти беше и изборната кампања на претседателот на САД, Доналд Трамп, во 2016 година.

Закерберг во средата пред Конгресот на САД, одговарајќи на прашања на пратениците, рече дека од безбедносни причини, Фејсбук исто така собира и „информации за луѓе што не се нејзини корисници“.

Застапниците и заговорниците на приватноста веднаш почнаа да протестираат поради оваа практика, а многумина рекоа дека Фејсбук треба да најде начин оние што не се негови корисници да дознаат што знае компанијата за нив.

Сепак, Фејсбук во петокот соопшти дека „неговите производи и услуги се во согласност со законот“.

Критичарите велат дека Закерберг не кажал доволно за обемот и употребата на податоците.

„Не е јасно што прави Фејсбук со тие информации“, рече Крис Калабрезе, потпретседател за политика во Центарот за демократија и технологија.

Четирите предложени амандмани треба да им го оневозможат луксузот што го имаа сите досегашни влади, на сите идни влади - спорот за името да им биде изговор за несовесно работење, корупција и системски пропусти.

повеќе

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе