Привремената влада на Боливија го обвини Моралес за тероризам и бунт

Привремената влада на Боливија го обвини поранешниот боливиски претседател Ево Моралес за тероризам и бунт.

Вршителот на должноста министер за надворешни работи Артуро Муриљо изјави дека обвинувањата се базираат на видео-снимка на која, наводно, се слуша Моралес како ги координира блокадите за време на уличните протести во Боливија.

Тој истакна дека боливиската влада бара максимална казна за Моралес, која би била меѓу 15 и 20 години затвор.

Моралес претходно кажа дека снимката е „монтажа“, потсетува Асошиејтед прес.

Во Боливија изби политичка криза откако Моралес победи на спорните избори на 20 октомври.

Моралес поднесе оставка на 10 ноември и доби азил во Мексико.

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе