понеделник, 8 декември 2025

Приведен е Бојко Борисов

Објавено на

часот

Сподели

„24 часа” јавува дека вечерва полицијата влегла во домот на Борисов, а објаснувањето било дека спроведува „итна проверка”. Информацијата е потврдена и од партијата на Борисов, ГЕРБ. 

Исто така, приведени биле и министерот за финансии во владата на Борисов, Владислав Горанов, поранешната шефица на Комисијата за буџет во бугарскиот Парламент, Менда Стојанова и портпаролката на Борисов, Севдалина Арнаудова. 

Според медиумите во Бугарија, во тек е операција на полицијата за 120 случаи на злоупотреба на европски пари. 

Од партијата на Борисов, ГЕРБ велат дека Борисов не е приведен туку 10 полицајци вршат претрес во неговиот дом. За останатите членови на ГЕРБ за кои што се тврди дека се приведени, од партијата велат дека „информацијата не одговара на вистината”. 

Телевизијата Нова јавува дека при претресот во домот на Борисов бил откриен џип, во сопственост на фирмата „Аркад” која што го гради гасоводот ”Турски ток” низ Бугарија. 

Весникот „Сега” објавува дека полицијата има право да задржи некого 24 часа, а за подолго треба да одлучи Обвинителството. Ако покрене обвинение , притворот може да се продолжи на 72 часа, по што ако лицата бидат обвинети можат да бидат задржани во притвор само со судска одлука. 

Бугарскиот премиер Кирил Петков вечерва се огласи со објава на Фејсбук и напиша: „Никој не е над законот”. 

 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ