Притворот на Асанж е нелегален според англискиот, европскиот и меѓународниот закон, тврди одбраната (ВИДЕО)

Третиот ден од расправата за екстрадиција на Џулијан Асанж се фокусира на тоа дали обвиненијата против Асанж претставуваат „политички престапи". Ако е така, веројатно нема да биде во надлежноста на судијата да одобри екстрадиција.

Почнувајќи ја постапка во судницата во средата, бранителот Едвард Фицџералд тврди дека 17 од 18 точки за кои е обвинет основачот на Викиликс, спаѓаат во рамките на американскиот Акт за шпионажа, што по номинална вредност ги прави политички. Тој додаде дека точка 18, заговор за извршување компјутерски упад, била со цел да се извршат другите наводни престапи.

Разговарајќи за политиката да не се екстрадира поради политички престапи, адвокатот на Асанж рече: „Тоа е суштинска фундаментална заштита, што САД ја ставаат во секој договор за екстрадиција“.

Фицџералд рече дека политичката одбрана од екстрадирање датира од пред 100 години и е стандардна во договорите засновани врз моделот на ОН, вклучително и Конвенцијата на Европската унија за екстрадиција, Конвенцијата на Интерпол и многу други.

„Колку повеќе истражуваме, толку повеќе се гледа дека ова е универзална норма“, рече тој.

Тој, исто така, истакна дека додека САД одредбата „политичка одбрана“ од екстрадиција ја додаваат во сите свои договори, властите таму го сметаат за проблем само кога ќе се повика против нив, и покрај тоа што го користат за да ги заштитат американските граѓани од екстрадиција во непријателски нации.

Уредникот на Викиликс, Кристин Храфнсон, обезбеди видеоснимка од пред судот, велејќи дека случајот треба да биде отфрлен. „Ова е спротивно на сите меѓународни договори, на Европската конвенција за човекови права и на договорите на ОН“, рече тој.

„Не се екстрадира поради политички престапи. Јасно е дека еден од политичките престапи е шпионажа“, додаде тој.

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе