„Голем пресврт“

Пристигнува нов брз тест за коронавирусот, резултати за 15 минути

Тест кој може прецизно да дјагностицира зараза со коронавирусот би ребало драматично да го забрза и зголеми опсегот на тестирањето во земјите кои имаат ниски и средни приходи, најави Светската здравствена организација (СЗО).

EPA-EFE

Новиот тест би требало да чини околу пет американски долари и би можел целосно да го трансформира процесот на следење на ковид-19 во помалку богатите земји, кои патат од недостиг на здравствени работници и лаборатории.

Се очекува во следните шест месеци да бидат произведени 120 милиони такви тестови, а првиот човек на СЗО тоа го нарече „голем пресврт“.

Имено, експертите предупредуваат дека во некои земји со висока стапка на инфекција, меѓу кои се Мексико и Индија, нискиот опсег на тестирање ги покрива вистинските размери на ширењето на вирусот.

Новиот тест би требало да биде „лесно пренослив и едноставен за користење“, а резултатите би требало да ги дава за 15-30 минути, најави денес на конференција за медиумите првиот човек на СЗО Тедрос Адханом Гебрејесус.

Две фармацевтски компании, Ебот и СД Биосензор, се договорија со фондацијата на филантропот и основач на Мајкрософт Бил Гејтс дека ќе произведат 120 милиони тестови, истакна шефот на СЗО.

Договорот би требало да покрие 133 земји, вклучувајќи многу земји во Јужна Америка кои се во моментов најпогодени што се однесува до заразата, но и смртноста.

„Ова ќе биде клучно за помошта на нивните капацитети за тестирање, а особено во тешко достапните области, кои немаат доволно лаборатории или доволно здравствени работници обучени за спроведување тестови“, кажа Гебрејесус.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе