Пристигнаа резултатите од големото американско истражување на Астра зенека

Конечно се објавени долгоочекуваните резултати од американското клиничко испитување на вакцината на Астра зенека.

Фото: ЕПА

Резултатите од големото американско клиничко испитување покажуваат дека вакцината е безбедна и високо ефикасна.

Повеќе од 32.000 испитаници учествувале во истражувањето, претежно од САД и делумно од Чиле и Перу.

Се покажало дека вакцината на Астра зенека е 79% ефикасна против зараза со симптоматски ковид-19. Но, можеби уште поважно е дека вакцината 100% ефикасно спречува тешки форми на болеста.

Во испитувањето не се откриени никакви проблеми со создавање крвни згрутчувања. Имено, токму сомневањата за поврзаноста на вакцината на Астра зенека со несакани ефекти на формирање крвни згрутчувања беше причината зошто употребата на вакцината е привремено прекината во околу 20 земји, од кои повеќе од 10 се во Европа.

Клиничкото испитување во САД покажа дека заштитата од зараза со симптоматски ковид што ја обезбедува вакцината на Астра зенека не опаѓа кај луѓе постари од 65 години.

Имено, околу една петтина од испитаниците во американското истражување биле постари од 65 години. Тие примиле две дози вакцина на Астра зенека во интервал од четири недели и се покажало дека нивото на заштита што го добиле е исто како и кај помладите возрасни групи.

Некои европски земји, вклучувајќи ја и Германија, на почетокот на вакцинацијата со Астра зенека препорачаа со оваа вакцина да се вакцинираат само помладите од 65 години, бидејќи во клиничките истражување на Астра зенека немало доволно податоци за постарата популација.

Според резултатите од оваа студија, Администрацијата за храна и лекови на САД (ФДА) се очекува да ја одобри вакцината на Астра зенека во рок од еден месец или два.

„Овие резултати се одлична вест бидејќи ја покажуваат исклучителната ефикасност на вакцината на новата популација и се во согласност со резултатите од нашите клинички испитувања“, рече за Би-би-си Ендру Полард, водечки истражувач на оксфордското клиничко испитување на Астра зенека.

„Можеме да очекуваме силен ефект против ковид-19 од сите возрасни групи и луѓе од различно поднебје благодарение на широко распространетата употреба на оваа вакцина“, додаде Полард.

„Во многу различни земји и во голем број возрасни групи, вакцината обезбедува високо ниво на заштита од ковид-19. Се надеваме дека овие резултати ќе доведат до поширока употреба на вакцината за да се стави крај на пандемијата“, рече за Би-би-си професорката Сара Гилбет, кој учествувала во изработката на вакцината на Астра зенека.

Професорката Гилберт рече дека секогаш постојат примери на луѓе кои ќе се разболат по примањето вакцина, особено откако многу голем број луѓе ќе се вакцинираат, но тоа не значи дека вакцината ги предизвикала овие проблеми: „Во меѓувреме, илјадници луѓе ширум Европа дневно умираат од ковид-19. Многу е важно да добиеме шанса да ги заштитиме луѓето што е можно побрзо. Оваа вакцина спасува животи “.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Критики за тоа дека треба да се слушаат критики од членови, зошто е разрешен Стојко Пауновски, зошто Максим Димитриевски не е член на Централен одбор, беа искажани на последниот конгрес на СДСМ кој се одржа во неделата.

повеќе

Владите ширум светот имаат тенденција да ги следат своите национални интереси, наместо да следат глобално координиран пристап.

повеќе

СКСМ - комора на иднината, САП системите - иднина на македонскиот бизнис.

повеќе