Можна размена на територии

Приштинските медиуми: Трамп и Путин во Хелсинки договориле поделба на Косово

Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, ја одобрила опцијата да се подели Косово, пишува приштинска Газета експрес.

Весникот се повикува на неименувани дипломатски извори и наведува дека постои можност Трамп за тоа да се договорил со рускиот претседател Владимир Путин, на неодамнешниот самит во Хелсинки.

Според информациите што ги добил весникот, администрацијата на Трамп, т.е. оние што се занимаваат со надворешната политика, се согласиле Косово да ѝ даде територија на Србија во замена за признавање.

Оваа радикална промена во администрацијата на американскиот претседател се случува по заминувањето на поранешниот советник за национална безбедност Х.Р. Мекмастер, а по доаѓањето на Џон Болтон на местото, кој, вели весникот, е познат по својот антикосовски пристап уште од времето кога беше амбасадор на САД во ОН, вели Б92.

Според приштинскиот весник, ова не е добар развој на настаните.

„Постои можност дека ќе се разговара за размена на територии. Но крајот на оваа драма е тоа дека Косово, она што ќе остане од него, може да се смета за провинција на Албанија“, вели анонимен извор на приштинскиот весник.

Газета вели дека сите американски претседатели од Џорџ Буш Постариот до Трамп биле единствени кога станува збор за границите на Косово, односно дека тие не треба да се менуваат и дека нема да има поделба на Косово.

„Доналд Трамп, неконвенционалниот американски претседател, неговиот тим, не се согласни со повеќето работи што ги правеле неговите претходници, како внатре, така и надвор од Америка, а по сè изгледа ни кога станува збор за Косово“, се вели во статијата.

Потсетувајќи дека меѓународната заедница постојано ја отфрлала идејата за поделба на територии, надвор од границите што беа во рамките на Југославија, весникот забележува дека не се знае што ќе се случи ако се чепкаат „границите“ на Косово.

„Сега она што е познато е дека администрацијата на Доналд Трамп размислува исто како и Русија кога станува збор за поделба на Косово“, вели весникот.

Инаку, првиот Албанец што ја изнел идејата за размена на територии меѓу Косово и Србија е академикот Реџеп Чосја, потсетува аналитичарот и публицист Ернст Љума за Газета експрес.

„Тој (Чосја) рече дека најдоброто решение е трите северни општини (Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ) да ѝ се дадат на Србија, а во замена да го добиеме она што некогаш го имавме, Прешево, Бујановац и Медвеѓа“, рече тој.

Љума во емисијата „Дебат плус“ на РТВ Дукаѓини рече дека ова идеја тогаш воопшто не била добро прифатена и дека јавното мислење се= уште не ја прифаќа.

Според него, во 1954 година била извршена размена на земја за да се постигне етничка рамнотежа и зајакнување на братството и единството.

„Северот на Косово повеќе беше ничија земја отколку српска или косовска“, рече тој.

Според него, проблемот на северот на Косово не е нов проблем, ниту пак е создаден по Втората светска војна, туку постои во последните 50 години. Аналитичарот Дардан Ислами рече дека поделбата на Косово не задоволува ниедна страна, но дека тоа е средната опција, која не е толку лоша.

Тој рече дека границите треба да се вратат како што биле и дека нема потреба Косово да зема, ниту да дава територии.

„Северните општини, да бидеме искрени, никогаш не биле наши. Таму немаме куќи, ни гробови никогаш не сме имале“, додаде тој.

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе