Приштинските медиуми: Грција најверојатно ќе го признае Косово

Експертите за меѓународна политика Дејвид Филипс и Даниел Сервер не очекуваат петте земји од ЕУ што го немаат признаено Косово да ги сменат своите позиции, освен Грција.

Фото: ЕПА

Според приштинските медиуми, таа земја може да го признае Косово.

Филипс и Сервер исто така сметаат дека позициите на петте земји-членки на ЕУ треба да се видат по завршувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Филипс и Сервер за РТВ Дукаѓини изјавија дека Грција најверојатно ќе го смени ставот за непризнавање на Косово.

„Грција најверојатно ќе го признае Косово. Ѕидот што беше создаден од фактот дека пет земји не го признаа Косово наскоро ќе почне да паѓа, кога Грција или некоја друга земја ќе одлучи да го признае Косово“, рече Филипс.

Тој додаде дека Грција, во својата агенда во 2014 година, предлага понатамошни евроатлантски интеграции на сите земји од Западен Балкан.

„Иако се надевам дека Грција ќе го смени ставот за Косово, не можеме да ги игнорираме нејзините блиски врски со српската држава“, додаде тој.

Даниел Сервер смета дека особено Грција е најнепредвидлива во споредба со другите земји.

„Секако, секој конечен договор меѓу Белград и Приштина треба да резултира со признавање на Косово од петте земји што не го сториле тоа. Но не гледам дека тоа ќе се случи наскоро“, рече Сервер.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе