По неуспешните преговори

Приштински ултиматум до Тирана, итен договор или царина од 100 отсто

Властите во Приштина најавија дека за два месеци би можеле да воведат царини од 100 отсто за производите од Албанија доколку Тирана не ги тргне пречките за извоз на косовско брашно, пиво и компир, јавуваат приштинските медиуми, а пренесува РТС.

Како што се наведува, ваквиот развој на ситуацијата следи по неуспешната средба на претставниците на Тирана и Приштина на која двете страни не успеале да се договорат околу начинот на кој би можеле да бидат решени проблемите околу извозот на трите косовски производи во Албанија.

„Косовската влада ќе воведе реципрочни мерки во трговијата со Албанија доколку за два месеци не бидат отстранети пречките за извоз на брашно, пиво и компир“, кажа во Тирана шефот на албанската стопанска комора Николин Јака.

Проблемот во трговските односи меѓу Тирана и Приштина настана откако косовските власти ги тргнаа сите пречки за албанскиот извоз на Косово, но властите во Албанија сè уште не го исполниле својот дел од начелниот договор, јавува РТС.

Косовските власти тврдат дека пречките за извоз на стока во Албанија се речиси идентични на оние кои ги имаат за извоз во Србија, па на владата на Еди Рама ѝ поставија ултиматум да ги отстрани пречките или ќе се соочи со високи царини.

Приштина, покрај Италија, е клучен албански трговски партнер.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе